Жоржињо – кралот на пеналите, постави нов Премиерлигашки рекорд (ФОТО)

Жоржињо го врати Челси на победничките патеки во Премиерлигата откако на натпреварот со Астон Вила (1-3) со сигурна реализација на два пенала прво донесе изедначување, а потоа и заверка на победата во судиското продолжение.

Интересно за италијанскиот репрезентативец тоа е десетти реализиран пенал оваа календарска година со кој се искачи на првото место на вечната листа, надминувајќи ги Мет Ле Тисиер и Стивен Џерард кои во 1994, односно 2014 година реализираа по девет.

Се вчитува...