Жозе Мурињо го сака Иван Перишиќ во Тотенхем

Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо сака во своите редови да го доведе хрватскиот интернационалец Иван Перишиќ, пренесуваат италијанските медиуми. 31-годишникот кој сезонава ја помина на позајмица во Баерн Минхен на крајот на август ќе биде слободен играч, откако ќе му заврши договорот со италијанскиот Интер.

„Баварците“ се во фаза на подмладување на тимот и нема да ја искористат опцијата да го земат искусниот Хрват во своите редови. Тоа значи дека се отвора шанса за Жозе Мурињо да го доведе на „Вајт харт лејн“, бидејќи Перишиќ е желба на Португалецот уште од времето кога беше менаџер на Манчестер Јунајтед.

Перишиќ сезонава за Баерн Минхен настапи на 22 натпревари на кои постигна четири гола и забележа шест асистенции.

Се вчитува...