ЖРК Ѓорче Петров ја одбрани титулата во домашниот шампионат

Ракометарките на Ѓорче Петров на убедлив начин ја одбранија титулата во домашниот шампионат.

Тие денеска славеа над Чаир со 37-28 и со тоа и математички ја осигураа новата титула, која е вкупно 21. во клупската историја.

Ѓорчепетровки сега ги очекува и настап во Купот на Македонија, каде би сакале исто така да стигнат до трофејот.

Се вчитува...