ЖРК Вардар се засили со најдобрата македонска млада голманка Марија Дуноска

ЖРК Вардар за новата сезона се засили со една од најталентираните македонски ракометарки, младата голманка, Maрија Дуноска.

Младата Дуноска, која настапуваше досега за екипата на Стружанка, беше прогласена за најдобра кадетска голманка за изминатата сезона во македонскиот ракомет, издвојувајќи се и со настапите во младите селекции на Македонија освојувајќи го и светското сребро во УС.

„И посакуваме добро дојде на девојката која од Стружанка доаѓа во нашите редови“ – порачаа од ЖРК Вардар.

Се вчитува...