Зидан е бесен, решен да си замине од Реал Мадрид?!

Зинедин Зидан е бесен на управата на Реал Мадрид и веќе донел одлука да си замине од „Сантијаго Бернабеу“, но тоа ќе го стори дури на крајот од оваа натпреварувачка сезона. Французинот неодамна изјави дека нема намера да си поднесе оставка без оглед на слабата форма на тимот во тој период, бидејќи не гледа сопствена одговорност за целокупната ситуација.

Тоа се должи на фактот дека управата на клубот не исполнила ниту едно од дадените ветувања кога станува збор за листата со желби за засилувања што Зидан му ја доставил на Флорентино Перез. Зизу го барал Пол Погба како нов главен играч на средината од теренот, се интересирал и за суперталентираниот Французин Камавинга, додека прва опција за засилување на нападот му бил Садио Мане.

Иако добил ветување дека „кралевите“ ќе доведат најмалку двајца од овие тројца играчи, тренерот на Реал останал разочаран што клубот воопшто не влегол во сериозни преговори, камоли да финишира еден од овие мегатрансфери. Згора на тоа, Зидан не ја добил посакуваната поддршка од Флорентино Перез во периодот на послаби игри на тимот, што смета дека ја заслужил во ситуација кога клубот воопшто не инвестираше во нови фудбалери, а си заминаа квалитетни офанзивни играчи како Бејл и Хамес Родригез.

Според шпанските медиуми, тој веќе го известил Флорентино Перез за желбата за заминување, па се чини дека постои начелен договор за разделба во јуни 2021 година. Тогаш Зидан повторно ќе биде привлечен на пазарот, а како опции се споменуваат враќање во Јувентус, или пак преземање на кормилото на француската репрезентација, доколку „триколорите“ потфрлат на ЕВРО 2021 под водство на Дидие Дешамп.

Се вчитува...