Зидан: Единствен виновник сум јас, и јас ќе мора да барам решенија…

Реал Мадрид доживеа неочекуван пораз од Шахтјор (2-3) на стартот од новата сезона во Лигата на шампионите. Зинедин Зидан ја презеде одговорноста по поразот порачувајќи дека мора итно да бара решенија за излез од оваа криза.

„Лош момент… Играчите се на терен и се обидуваат, но не можам да го видам тимот како го замислував, а кога е така, тогаш тоа е моја грешка. Добра работа од сето тоа е што имавме реакција во второто полувреме, иако не успеавме до пресврт“ – вели Зидан и дополнува:

„Играчите не го заслужуваат ова затоа што се шампиони, и тоа ме мачи. Јас сум одговорен и морам да побарам решенија. На фудбалерите на терен им требаат решенија“.

А, следниот испит за Реал е мечот со Барселона. Дуел кој, според непишаното правило, не смее да го загуби.

„Мора добро да се подготвиме за следниот натпревар. Знаеме дека сабота ни доаѓа многу брзо и ќе видиме како ќе биде“ – истакна Зидан по синоќешниот пораз од Шахтјор.

Се вчитува...