Зидан го бара Санчо, но Асенсио си оди од Реал

Џејдон Санчо е најновата желба на Зинедин Зидан, откако младата англиска „ѕвезда“ блесна во својата дебитантска сениорска сезона во дресот на Борусија Дортмунд. Санчо игра сезона од соништата на 19-годишна возраст, постигнувајќи 12 гола надополнети со 18 асистенции во дресот на „милионерите“, со што го привлече и вниманието на најбогатите европски клубови.

Манчестер Јунајтед беше подготвен да плати 100 милиони евра за да го доведе крилниот офанзивец на „Олд Трафорд“, но сметките на „ѓаволите“ се замрсија откако Реал Мадрид се вклучи во трката по овој фудбалер. Зидан важи за голем фан на Санчо и веќе дал налог да се почнат разговори со Борусија Дортмунд. „Милионерите“ бараат неверојатни 180 милиони евра за својот „бисер“, но во Реал се оптимисти дека ќе успеат да се договорат за сума нешто повисока од 100 милиони.

Доаѓањето на Санчо, заедно со најавениот трансфер на Еден Азар, ќе значи и сигурно заминување од „Сантијаго Бернабеу“ на Марко Асенсио. Шпанскиот репрезентативец сезонава не беше стандарден кај ниту еден од тројцата тренери, а Зидан не гледа на него како на првотимец за наредната сезона. Асенсио е подготвен јавно да побара трансфер, а за разлика од претходното лето овојпат управата нема да го блокира неговото заминување, туку ќе настојува да заработи најмалку 70 милиони евра.

Се вчитува...