Шпанскиот гигант Реал Мадрид во летниот преоден рок ќе тргне по Пауло Дибала. Францускиот стратег Зинедин Зидан сака да ја реновира навалната линија, а Дибала треба да биде големото засилување што ќе пристигне на „Сантијаго Бернабеу“ за сума од 100 милиони евра. Зидан верува дека Азар и Дибала би биле одличен тандем, а Бензема и понатаму успешен реализатор за „кралскиот клуб“. Веќе е одлучено дека Герет Бејл и Хамес Родригез ќе одат на продажба.
Реал Мадрид е подготвен на Пауло Дибала да му понуди петгодишен договор со заработка од 10 милиони евра по сезона.
Дибала од 2015 година е член на италијанскиот првак Јувентус, а пристигна од Палермо за 40 милиони евра. Во дресот на торинскиот гигант одигра 216 натпревари, постигна 91 гол и запиша 36 асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА