Српскиот интернационалец Лука Јовиќ најверојатно ќе мора да го напушти „Сантијаго Бернабеу“ до крајот на летниот преоден рок. Реал Мадрид го блокирал заминувањето на Борха Мајорал во Рома, а на негово место го понудил Лука Јовиќ. На италијанскиот калчолигаш му е потребен уште еден напаѓач и размислува да го добие на позајмица од „кралскиот клуб“.
Сепак, во последен момент, тренерот Зинедин Зидан одлучил да не дозволи Борха Мајорал, кој беше на позајмица во Леванте, да замине на „Олимпико“, туку таа опција му ја нуди на Лука Јовиќ.
Рома во наредните денови треба да се изјасни за новата понуда, а голем проблем може да претставува платата на Србинот. Лука Јовиќ во Реал Мадрид заработува 4,5 милиони евра по сезона што секако нема да може да го добие и како член на Рома. Претходно, српскиот голгетер беше споменуван и како можно засилување за Милан, исто така на едногодишна позајмица.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА