Зидан имаше добра причина да ги замени Куртоа и Начо

Зинедин Зидан беше бесен на изданието на своите фудбалери во првото полувреме, по што на стартот од вториот дел во игра влегоа Ареола и Марсело на местото на Куртоа и на Начо. Првичните информации беа дека двајцата првотимци се заменети поради слабата игра, но вистината е сосема поинаква.

Куртоа се пожалил на болки во стомакот непосредно пред мечот, на полувремето почнал и да повраќа во соблекувалната, по што морала да му биде укажана лекарска помош. Тоа се покажа како среќна околност за „кралевите“ бидејќи Ареола одбрани зицер при 0-2, со што овозможи Реал подоцна да се врати и да стигне до израмнување.

Што се однесува до Начо, тој заработи повреда на лигаментите на десното колено, поради што дефанзивецот на „кралевите“ ќе паузира најмалку два месеци од терените.

Се вчитува...