Зидан изненади со составот, шанса доби „заборавен ас“

Зинедин Зидан повлече неколку изненадувачки потези при изборот на стартниот тим за дуелот против ПСЖ во петтото коло од Лигата на шампионите.

Шанса од првата минута на овој натпревар ќе добие Иско, шпанскиот репрезентативец кој беше „заборавен“, поради повреда, но и слаба форма, но вечерва ќе добие можност да потсети на своите најдобри денови.

Тој ќе го заземе местото на Родриго, иако младиот Бразилец играше во одлична форма во последно време. Зидан го пресели на клупата и Лука Модриќ, без оглед на беспрекорното издание на Хрватот на последниот дуел со Реал Сосиедад (еден гол и една асистенција).

Реал ќе го почне вечерашниот натпревар во состав: Куртоа, Карвахал, Рамос, Варан, Марсело, Кашемиро, Крос, Валверде, Иско, Бензема, Азар.

На спротивната страна, Нејмар ќе го почне мечот од клупата за резерви откако Томас Тухел ги избра Ди Марија, Мбапе и Икарди во напаѓачкото трио.

Се вчитува...