Зидан: Клучно е што фудбалерите веруваа во тактиката која ја поставивме

Реал Мадрид на доминантен начин го елиминира Пари Сен Жермен во осминафиналето од Лигата на шампионите, потврдувајќи дека тимот на Зинедин Зидан има и сили и квалитет за уште една одбрана на пехарот во елитното натпреварување. Францускиот стратег како клучен фактор за триумфот ја издвои одличната хемија во тимот и вербата на фудбалерите во неговата тактика.

„Клучно е тоа што фудбалерите веруваа во тактиката која ја поставивме. Бевме дисциплирани, максимално фокусирани, и во таков натпревар малку екипи се на светот што може да го победат Реал Мадрид. Се подготвувавме како и секогаш, ништо посебно. Ги одбрав фудбалерите, ја подготвивме тактиката и совршено тие ја спроведоа на теренот. За мене беше важно да ги затвориме приодите по страничните позиции, затоа добија шанса Лукас Васкез и Марко Асенсио и беа одлични, како впрочен и целиот тим. Го направивме тоа што го очекувавме и сега одиме понатаму“, изјави Зинедин Зидан по елиминацијата на ПСЖ.

Се вчитува...