Зидан: Лука одлучи се…, сакаш да си одиш или да останеш во Реал

Реал Мадрид ќе му даде можност за избор на Лука Модриќ дали сака да си оди или да остане во Реал Мадрид, пренесува „Мундо Депортиво“.

Зинедин Зидан инсистирал 34-годишниот Модриќ сам да одлучи што сака, на што се согласило и раководството на клубот. Со оглед на тоа дека актуелниот договор на Хрватот му истекува следната 2020/2021 сезона, Лука пред влезот во последната година од договорот ќе мора да донесе одлука што сака.

Модриќ во кралскиот клуб пристигна во 2012 година освојувајќи бројни трофеи, меѓу кои и четири титули во Лигата на шампионите. Оваа сезона во дресот на Реал Мадрид одигра 29 натпревари запишувајќи пет гола и исто толку асистенции.

Се вчитува...