Зидан: На тренерите им е најтешко со фудбалери како Модриќ

Статусот на Лука Модриќ постојано е актуелна тема за шпанските медиуми кога е во прашање Реал Мадрид. Така е и пред дуелот на „кралевите“ со Интер во Лигата на шампионите.

Шпанците потсетуваат дека францускиот стратег Модриќ го остава секогаш на клупата на важните натпревари. Зидан денешниот натпревар во Мадрид го смета како еден вид финале за неговиот тим кој по две кола е последна на табелата со само еден освоен бод. Што се однесува до Модриќ…

„Со Лука ништо не е променето. Многу добро знаеме што значи тој за нас. И многу натпревари сезонава пред нас и сите ќе се наиграме. Лука е добар секогаш кога е на теренот. За тренерите секогаш е најтешко со фудбалери како Модриќ. Да го одбереш и да го ставиш во составот, а некогаш мора да го изоставиш а знаеш дека може многу да помогне…“ – вели Зидан.

Се вчитува...