Зидан не ја исклучува можноста да се врати во Реал Мадрид

Иако долго се шпекулираше и се претпоставуваше дека ќе седне на клупата на Франција, откако тоа не се случи, сега Зинедин Зидан бара друга работа.

Според „Атлетик“, повикувајќи се на пријатели блиски до Зидан, тој не ја исклучува можноста и третпат да се врати на клупата на Реал Мадрид. Исто така неговата желба била да пристигне во Јувентус или во Олимпик Марсеј.

За потсетување дека Франција му го продолжи договорот на Дидие Дешамп, што значеше крај на надежите на Зидан за селекторската функција. Во минатото неколку пати ја одбиваше позицијата тренер на ПСЖ од почит кон Олимпик Марсеј.

Анчелоти има договор со Реал Мадрид до 2024 година, и потоа најави пензија. Меѓутоа работите во Реал Мадрид може да се одвиваат побрзо, доколку „кралевите“ не успеат да освојат некој трофеј. Тоа се покажало така и во минатото, па така може да се очекува дека Зидан ќе биде наследникот на „Дон Карло“ во Мадрид.

Се вчитува...