Зидан: Не сум недопирлив, критиките се нормална работа

Реал Мадрид денеска и гостува на Севилја во дербито на колот во Ла Лига, меч што многу лесно би можел да се покаже како последен за Зинедин Зидан на клупата на „кралевите“. Серијата слаби игри на „кралскиот клуб“ придонесоа да се зголеми притисокот врз Зизу, тој јасно стави до знаење дека не планира да си поднесе оставка, но затоа претседателот Флорентино Перез веќе почна да бара нов тренер.

Неуспех во Севилја најверојатно ќе значи и автоматски отказ за Зидан, но францускиот стратег кој со Реал освои три титули во ЛШ е оптимист дека сепак „кралевите“ ќе влезат во победнички ритам.

„Не се чувствувам недопирлив, не бев таков ни како играч, камоли како тренер. Кога нема да победиш, сосема нормално е да бидеш критикуван. Од друга страна, не дозволувам критиките да го променат начинот на кој размислувам за тимот, за играта, за секој играч одделно и за целокупниот колектив. Во секоја работа постојат потешкотии,  но јас сум убеден дека имаме и квалитет и искуство за да се извлечеме од оваа ситуација“, истакна Зидан во пресрет на денешниот натпревар.

Се вчитува...