Зидан: Ние сме „кралеви“, мислиме само на борби и победи

Во изминатата вечер, Реал Мадрид на домашен терен ја победи Гранада со резултат од 2-0, а головите ги постигнаа Каземиро и Карим Бензема, па Реал по петтата последователна победа ги има истите бодови со лидерот Атлетико.

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан се надева дека неговиот тим ќе продолжи со добри игри и по паузата за одмор.

„Ова беше тежок натпревар, комплициран, особено во првото полувреме, ривалот играше одлично пресинг. Среќен сум за играчите бидејќи вакви натпревари не се лесни. Заслуживме победа против добра екипа која е во одлична форма “, вели Зидан.

Еден Азар конечно се опорави, по еден месец пауза поради пвореда тој беше на списокот играчи, но не доби шанса и воопшто не влезе на терен.

„Не сметав дека е соодветно да игра, ова беше тежок дуел и не сакав да ризикувам. Еден е добар, но сакаме полека да го припремаме, нема потреба од форсирање“.

Зидан им порача на играчите да се одморат за Божиќ, но дека потоа мора да продолжат да работат напорно.

„Ние мора да продолжиме да се бориме. Сега, играчите нека бидат со своите семејства, а потоа повторно ќе треба да работат напорно “, заклучи францускиот стручњак.

Се вчитува...