Зидан објави специјален план за заштита на „стаклениот“ Азар

Еден Азар се опорави пред седум дена, но од последната повреда нема одиграно ниту една минута.

Белгиецот веќе сакаше да се приклучи на составот против Еибар на 20 декември, но Зинедин Зидан го изостави, а исто така Французинот не му даде шанса ниту против Гранада.

Зидан максимално му угодува на Азар со цел да биде што е можно подобро физички подготвен, но и психички. Тој сака Еден да добие простор да се врати во „помалку напорни натпревари“. Според медиумите, планот на Зидан е да му даде минутажа против Елче, но од Азар ќе се бара да биде претпазлив. Напаѓачот на Реал нема да игра од самиот почеток на натпреварот, а идејата е да игра само половина час, па така постепено да го забрзува темпото и враќањето во форма.

Овој пат Зидан сака да избегне грешка и да избегне форсирање на Еден, кој не е доволно подготвен.

Се вчитува...