Зидан откако се ослободи од Бејл: Секогаш велев дека е спектакуларен играч

Тренерот на Реал Мадрид, Зинадин Зидан, тврди дека никогаш немал никакви проблеми со Герет Бејл. Во изјава за медиумите по транферот на Велшанецот назад во Тотенхем, Зидан вели дека проблемот бил комплексен и никогаш не бил во прашање фудбалскиот капацитет на Бејл. Зидан демантира дека заминувањето било поради него.

„Ситуацијата е многу посложена. Никогаш немав личен проблем со Бејл. Постојано се случуваа некои работи. Но, тој сега прави промена и можам само да му посакам се најдобро. Вакви работи се случуваат во фудбалот, јас секогаш велев дека тој е спектакуларен фудбалер“ – изјави Зидан.

Со Реал Мадрид, Герет Бејл осови четири титули во Лигата на шампионите, два трофеи во Ла Лига, пехар во Купот на кралот и по три титули во европскиот Супер куп и на Светското клупско првенство постигнувајќи повеќе од 100 гола. Бејл и натаму го држи рекордот на најскап британски фудбалер. По седум години тој се врати од каде што дојде, во Тотенхем и во Премиер-лигата.

Се вчитува...