Зидан отпиша двајца офанзивци за Бриж

Зинедин Зидан го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета за утрешниот натпревар од Лигата на шампионите против Бриж, на кој неочекувано не се најдоа Герет Бејл и Хамес Родригез. Двајцата офанзивци не се повредени, но Зидан сепак реши да не ги вклучи во тимот за дуелот од второто коло во елитното европско натпреварување.

Бејл и Родригез овој натпревар ќе го следат од трибините на „Сантијаго Бернабеу“, заедно со Родриго, Одриозола и Маријано. Добра вест за „кралевите“ е што по повредите се рехабилитираа Марсело и Иско, кои ќе бидат во комбинација за првиот тим против Бриж.

Реал претрпе убедлив пораз во првото коло против ПСЖ, па не смее да си дозволи нов „кикс“ на утрешниот натпревар.

Се вчитува...