Зидан: Ова беше како финале за двата тима, среќни сме со трите бода

Реал Мадрид синоќа славеше со 3-2 против Интер во третото коло од Лигата на шампионите. Имаа „кралевите“ водство и од 2-0, но „нераѕурите“ стигнаа и до 2-2 за да конечно Реал со трет гол дојде до трите бода.

По натпреварот Зинедин Зидан порача дека бил тежок натпревар но е среќен што неговиот тим конечно успеа да дојде до триумф во Лигата на шампионите.

„Победивме во тежок натпревар против Интер кој успеа да даде два гола. Ова е Лига на шампиони, беше тешко, но на крајот успеавме да дојдеме до тој гол вреден три бода. Ова беше како финале за двата тима и среќен сум со резултатот. Ќе биде и понатаму интересно во оваа група. Следното коло гостуваме на Интер во уште една тешка борба“ – вели Зидан.

Се вчитува...