Зинедин Зидан ја презеде одговорноста за веројатно најлошата претстава на Реал Мадрид откако е на клупата на кралскиот клуб. Реал загуби на домашен терен од Алавес со 1-2, продолжувајќи со очајните изданија на почетокот од сезоната.
„Ова е катастрофа, најлошиот почеток на сезона кој сме го имале. Ќе мора нешто да менуваме, и во динамиката на игра и во самиот тим, што воопшто не е лесно. Јас сум тренер и јас ја преземам одговорноста“ – истакна по натпреварот Зидан, веднаш дополнувајќи:
„Како да не бевме на натпреварот на почетокот. А кога така ќе стартуваш, се е покомплицирано. Не бевме концентрирани, но нема да бараме оправдание. Мора да собереме сили за понатака“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА