Зидан против Зидан, на дуелот меѓу Алавес и Реал Мадрид

На Зинедин Зидан не му тргна најдобро со Реал Мадрид во новата сезона од Ла Лига, веќе состојбата е крајно алармантна поради седумте бода негатива во однос на големиот ривал Барселона, а денеска ќе има ’специјален натпревар’. Неговиот тим ќе му гостува на Алавес, тимот за кој настапува неговиот син Енцо Зидан.

Зидан против Зидан, тоа е најавата која ја форсираат шпанските медиуми во пресрет на мечот.

Енцо Зидан беше член на Реал Мадрид, но одлучи да замине во Алавес, за да се докаже во најдоброто фудбалско друштво на Шпанија и да се изгради како подобар фудбалер. Неговиот татко е фудбалска легенда, еден од најдобрите фудбалери во историјата.

„Ова е меч меѓу Алавес и Реал Мадрид, а не меѓу Зинедин и Енцо Зидан. Но, драго ми е за него, и секако ќе имам многу емоции. Сепак, се надевам дека нема да ни даде гол“, вели Зинедин Зидан.

Тренерот на Реал Мадрид верува дека првенството не е загубено и дека неговиот тим повторно ќе ја освои шампионската титула.

„Не сме го загубиле првенството во Ла Лига, имаме намера да победуваме и да освојуваме бодови“ – потенцира тренерот на „кралскиот клуб“.

Се вчитува...