Зидан разочаран: Мора да играме многу подобро

Реал Мадрид направи уште еден „кикс“ во Ла Лига, откако одигра само 1-1 на „Сантијаго Бернабеу“ против Леванте. Тренерот Зинедин Зидан не е задоволен од резултатот, а уште помалку од играта на својот тим и потенцира дека „кралевите“ мора да играат многу подобро.

„Мора да бидеме многу подобри на теренот. Уште од самиот почеток немаше агресивност во нашата игра. Потоа примивме гол, па го загубивме Бензема. Но, имавме шанси, а не ги реализиравме. Сето тоа мора да биде многу, многу подобро. Разочарани сме затоа што не освоивме три бода, но мора да продолжиме понатаму. Сега не очекува почетокот во Лигата на шампионите. Таму ќе го имаме Кристијано Роналдо, но ние треба да сме способни да победуваме и без него. Нема да отстапам од мојата идеја за ротација на фудбалерите поради еден слаб меч“, изјави Зинедин Зидан по фрустрирачкиот настап на „кралевите“.

По само три кола во Ла Лига, Реал Мадрид има четири бода негатива во однос на Барселона.

Се вчитува...