Зидан: Реал Мадрид мора да биде „воинствен“ на теренот

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, не е задоволен од изданието на тимот против Кадиз. „Кралевите“ загубија на домашен терен од новакот во Ла Лига, а веќе в среда ги очекува стартот и во Лигата на шампионите . Токму затоа Зидан бара од фудбалерите да го пронајдат „воинствениот дух“.

„Не бевме на потребното ниво. Во поголем дел од мечот немавме контрола над играта, не реагиравме соодветно ниту по примениот гол. Знам дека најтешки се оние натпревари по репрезентативната пауза, но едноставно тимот мораше да реагира многу подобро. Би сакал фудбалерите да го пронајдат оној „воинствен дух“ што го краси Реал Мадрид“, изјави тренерот на „кралскиот клуб“.

Реал Мадрид в среда ги почнува обврските и во Лигата на шампионите. Во Мадрид гостува Шахтјор Доњецк.

Се вчитува...