Зидан: Реал никогаш не се откажува, Рамос останува капитен

Реал Мадрид е во серија од три победи во домашното првенство, очигледно ќе мора да продолжат во добра форма за да се надеваат на титула. Атлетико Мадрид синоќа славеше, „јорганџиите“ имаат натпревар помалку од Реал со три бода предност.

Реал Мадрид вечерва гостува кај Еибар, а Зидан најави дека неговиот тим не се откажува од ниту едно првенство во кое се натпреварува.

Реал беше на чекор до елиминација од Лигата на шампионите оваа сезона, победата над Борусија Менхенгладбах обезбеди пласман во нокаут-фазата, а таму „кралевите“ ќе ги одмерат силите со Аталанта. Секако, сè беше полесно против Германците кога се врати капитенот, Серхио Рамос.

Францускиот тренер зборуваше за Рамос и неговото евентуално заминување од клубот, укажувајќи дека капитенот нема намера да ги напушти „кралевите“.

“Кога играч сака да остане во клубот, не постои нешто што ќе го предомисли. Серхио, го гледам во клубот во наредните години. Тој е неверојатен и не сум изненаден што ги постигна сите овие успеси”, рече Зидан за својот капитен.

Се вчитува...