Зидан сака млада напаѓачка крв: Реал Мадрид го купува Џејдон Санчо за 180 милиони евра

Реал Мадрид остана без трофеи оваа сезона, но го врати на клупата Зинедин Зидан кој веќе размислува за реновирање на тимот во летниот преоден рок. Неговата голема желба Килијан Мбапе очигледно дека нема да може да си ја исполни ова лето, па затоа Французинот тргна во лов на друг фудбалер. Очигледно е дека сака да внесе млада напаѓачка крв во составот на „кралевите“.

Зидан сака да го доведе Џејдон Санчо на „Сантијаго Бернабеу“, а германскиот „Билд“ открива дека евентуалниот трансфер би бил вреден 180 милиони евра. Англиската сензација игра одлична сезона во Борусија Дортмунд, веќе е цел на Јувентус, Барселона, ПСЖ и на Манчестер Јунајтед, но Реал Мадрид сериозно се вклучува во трката за потписот на одличниот крилен напаѓач. И подготвен е да плати навистина огромни пари.

Се вчитува...