Зидан се спаси од отказ, Реал ја освои Севилја

Зинедин Зидан се спаси од отказ во Реал Мадрид откако неговиот тим славеше на дерби-дуелот со Севилја, на гостински терен на „Санчез Пизхуан“ со 0-1. Одбраната и во отсуство на капитенот Рамос одлично ја заврши работата, а за триумф доволен се покажа погодокот што го постигна Винисиус на почетокот од второто полувреме.

Севилја се обиде да се врати во мечот, но одличниот Куртоа не дозволи неговата мрежа да биде затресена, чувајќи ги трите бода за салдото на актуелниот првак на Шпанија.

Пред Зидан сепак е уште еден клучен натпревар, не смее да загуби на последниот дуел од ЛШ, на домашен терен со Борусија Менхенгладбах, на кој евентуален пораз ќе значи елиминација на „кралевите“ и отказ за францускиот стратег.

Се вчитува...