Зидан: Сега мора на „Етихад“ да победиме… Можеме!

Зинедин Зидан, сосема очекувано, беше разочаран по синоќешниот пораз на Реал Мадрид од Манчестер сити (1-2) во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите.

„Кралевите“ сега ќе мора да победат на „Етихад“ ако сакаат пласманво следната рунда натпревари.

„Скапо ги плативме нашите грешки, но сепак се играат уште 90 минути и се е можно. Дури и да победевме, ситуацијата ќе беше иста. Сега ќе мора да одиме на Етихад и да победиме, и тоа со два гола разлика. Но, можеме. Направивме се да дојдеме до водство, а потоа за неколку минути се уништивме. Сити убаво ги користеше нашите грешки. Но, сега нема назад“ – истакна Зидан по синоќешниот натпревар.

Се вчитува...