Зидан скромен: Заслугата е на играчите, имам одличен тим…

Зинедин Зидан продолжува да ја потврдува својата фудбалска величина, откако по фантастичната играчка, испишува нови страници и во својата тренерска кариера. Французинот го предводеше Реал Мадрид до големото финале во ЛШ, а доколку слави на 3 јуни над Јувентус, тој ќе стане првиот тренер што успеал да дојде до два трофеи во низа во Лигата на шампионите, со оглед на фактот дека ниту еден тим досега не успеал да ја одбрани титулата по формирањето на ова натпреварување.

Без оглед на неговата огромна заслуга, Зидан останува скромен, па комплиментите по вечерашниот реванш со Реал ги насочи кон своите фудбалери.

Ова не е моја заслуга, туку заслуга на целиот тим, пред се на фудбалерите бидејќи имам на располагање одлична група на врвни играчи. Пресреќни сме што повторно ќе играме финале, вечерва имавме проблеми на стартот, но потоа се консолидиравме, Иско ја презеде контролата меѓу линиите на противникот. Можевме да постигнеме уште голови, но тоа е најмалку важно“ – изјави Зидан.

Тренерот на Реал уште еднаш го потенцираше значењето што Карим Бензема го има врз играта на „кралскиот клуб“.

Навистина не знам што направи за да се извлече во акцијата при голот… Тој само потврди она што го говорам, дека задача на Бензема не е само да дава голови, тој е многу позначаен за нас отколку што покажуваат бројот на погодоците што ги постигнува. Таа акција беше клучна, секако дека сум задоволен од неговиот настап, како и од целокупната игра на екипата“ – вели Зинедин Зидан.

Се вчитува...