Зидан: Тешко е да ги мотивираш фудбалерите кога знаат дека ништо нема да освојат

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан признава дека му било тешко да ја мотивира екипата за мечот против Хуеска, која „кралскиот клуб“ го доби со 3-2. Реал до победата стигна во 89. минута со голот на Карим Бензема, втор триумф по враќањето на Зидан на клупата на мадридскиот великан.

„Можевме да играме многу подобро. Хуеска заслужи повеќе на овој меч, но задоволен сум затоа што победивме. Ротациите во тимот? Морав да ги направам по репрезентативната пауза. Невозможно е да се освојуваат титули со само 13 фудбалери. Сепак, многу е тешко да го мотивираш тимот кога знаеш дека нема да освоиш ништо“, изјави Зидан. 

Реал Мадрид е елиминиран од Лигата на шампионите и од Копа дел Реј, а во домашното првенство заостанува 12 бода зад водечката Барселона.

Се вчитува...