Зидан, тренер на Јувентус – никогаш не вели никогаш

Зинедин Зидан е максимално фокусиран на предизвикот што го носи претстојниот четвртфинален двомеч меѓу Реал Мадрид и Јувентус, но францускиот стратег не ја отфрли ниту можноста во иднина да седне на клупата на „старата дама“. Легендарниот Зизу мина блескави моменти како играч во дресот на Јувентус, се уште поседува и ресторан во Торино, па на новинарско прашање пред вечерашниот меч тој стави до знаење дека во иднина сериозно би разгледал понуда од најтрофејниот италијански клуб.

„Јас тренер на Јувентус? Никогаш не вели никогаш. Во моментов сум пресреќен онаму каде што сум и што го правам она што сакам – јас сум тренер на Реал и мислам само на тоа. Што носи иднината, навистина не знам, затоа и не отфрлам враќање во Јувентус“ – изјави Зидан.

Договорот на францускиот стратег со Реал Мадрид истекува во јуни 2020 година, исто како и оној на Масимилијано Алегри со Јувентус.

Се вчитува...