Зинедин Зидан со нова понуда за Садио Мане

Од таборот на Реал Мадрид се подготвени да испратат нова понуда до Ливерпул за услугите на Садио Мане. Зинедин Зидан сакаше минатото лето да го донесе Мане во Мадрид, но целиот трансфер пропадна поради неговото заминување.

Шпанска „Марка“ пренесува дека од Мадрид се подготвени на Ливерпул да му понудат 73 милиони фунти за Мане. Сенегалецот е еден од најдобрите фудбалери во таборот на Ливерпул сезонава, откако во сите натпреварувања има постигнато 20 гола. Од англискиот гигант ќе се обидат да го продолжат договорот со Мане на нови четири години, со што би го задржале Сенегалецот во своите редови.

Во моментов избраниците на Јирген Клоп е наоѓаат на првата позиција во Премиер лигата со два бода повеќе од второпласираниот Манчестер Сити, но и натпревар повеќе.

Се вчитува...