Зивчевиќ одличен на дебито во Мароко

Ненад Зивчевиќ имаше извонреден камбек во мароканскиот шампионат, откако го предводеше тимот на Сале до триумф од 104-90 над АСЕ на своето деби за оваа екипа.

Само неколку дена откако замина за Мароко по настапите за Куманово во македонското првенство, Зивчевиќ имаше беспрекорно офанзивно издание со кое беше најзаслужен за триумфот на Сале. Крилниот кошаркар реализираше 26 поени надополнети со седум скока и четири асистенции. Притоа, шутот му функционираше беспрекорно погодувајќи четири тројки без промашување, Зивчевиќ имаше 5/6 од обидите за два поени, погодувајќи и четири од шесте изведени слободни фрлања.

Ова е одлична најава пред настапите на Зивчевиќ за Сале на „НБА Африка“, натпреварување што за првпат ќе се одржи следниот месец во Боцвана во заедничка организација на ФИБА и на НБА.

Се вчитува...