Зивчевиќ со нов клуб во Египет: Продолжува во СЦ Телеком Египет

Македонскиот интернационалец Ненад Зивчевиќ и следната сезона останува во кошаркарскиот шампионат на Египет, но овој пат со нов клуб, СЦ Телеком Египет.

33-годишниот Зивчевиќ се одлучи да се раздели со досегашниот Спортинг Александрија, продолжувајќи ја кариерата во амбициозниот СЦ Телеком Египет. Македонскиот кошаркар треба да биде сериозно засилување за тимот кој атакува на највисок пласман во новата сезона.

Поранешниот кошаркар на Работнички и МЗТ Скопје на новиот тим треба да се приклучи од крајот на септември пред октомврискиот старт на сезоната.

Се вчитува...