Златан го пропушта дуелот со Верона

Милан ќе биде сериозно ослабен за дуелото против Верона откако Златан Ибрахимовиќ отпадна од комбинација за настап на оваа средба.

Шведскиот ас имаше грип и воопшто не тренираше во последните два дена, а откако состојбата не му се подобри тренерот Пиоли реши да не ризикува и да го остави Ибракадабра надвор од комбинација за утрешниот дуел. Заедно со Ибрахимовиќ од истите причини нема да настапи ниту дефанзивецот Кјаер, со чие доаѓање одбраната на Милан конечно доби на цврстина.

Покрај овие двајца првотимци, за „росонерите“ нема да настапи ниту повредениот Круниќ, како и суспендираниот Бенасер. Пиоли најверојатно ќе го стартува дуелот со тандемот Ребиќ – Леао во нападот, помогнати од Чалханоглу, во обид да се продолжи серијата од три победи во Калчо-лигата.

Се вчитува...