Златан Ибрахимовиќ е позитивен на Ковид-19

Легендарниот Златан Ибрахимовиќ е позитивен на коронавирусот, пренесуваат италијанските медиуми.

Швеѓанецот нема да биде дел од тимот на Милан на дуелот со норвешкиот Бодо-Глимт во третото коло од квалификациите за Лигата на Европа. Ибрахимовиќ, според информациите, не чувствува никакви симптоми, но веднаш е испратен во самоизолација во наредните две недели поради позитивниот тест.

Италијанците пренесуваат дека и уште неколку фудбалери на Милан се позитивни на Ковид-19, но засега сето тоа се само шпекулации без потврда од миланскиот клуб.

Се вчитува...