Златан се премисли, го напушта Милан за лутиот ривал

Златан Ибрахимовиќ беше подготвен да го продолжи престојот во Милан дури и доколку клубот не обезбеди учество во Лигата на шампионите наредната сезона, но ситуацијата се промени по „потресот“ во клубот и најавеното заминување на Звонимир Бобан и Паоло Малдини. Шведскиот голгетер имаше договор токму со овие две фудбалски легенди за својот престој во клубот, а Златан не сака да седне на маса со Иван Газидис, па веќе почна да ги разгледува опциите од другите заинтересирани клубови за негов ангажман.

Последните информации велат дека тој не сака нова далечна селидба, туку сериозно размислува за останување во Милано – но во екипата на Интер. Антонио Конте го бараше Ибрахимовиќ и во текот на зимата, но Швеѓанецот го избра Милан како тим во кој би имал сигурен првотимски статус.

Сепак, на Златан му станува јасно дека се ближи до крајот на кариерата, па сега би се согласил и на статус на резерва, доколку добие ветување од Конте дека ќе одигра одреден број на натпревари во Серија А, но и во Лигата на шампионите следната сезона. Јасно е, тој сака да освои уште некој трофеј пред да му каже збогум на фудбалот, а како што стојат работите, многу поголеми се шансите тоа да го стори како член на Интер отколку како дел од „росонерите“.

Се вчитува...