Златан се враќа за еден месец

Златан Ибрахимовиќ ќе може да му помогне на Милан во поголемиот дел од завршницата од сезонава, откако беше обелоденето дека повредата на шведскиот голгетер не е од посериозен карактер. „Росонерите“ преку клупско соопштение најавија дека за десет дена ќе има нова контрола врз повредениот мускул на Ибракадабра, но извори блиски до медицинскиот тим на Милан тврдат дека паузата нема да биде подолга од еден месец.

Ова практично значи дека најдобриот напаѓач на Милан ќе пропушти неколку средби од продолжението на сезоната, но потоа ќе му биде на располагање на тренерот Пиоли за клучните пресметки во борбата за излез во Европа, како и за реваншот од полуфиналето на Купот на Италија против Јувентус.

Во меѓувреме, Ибрахимовиќ на социјалните мрежи објави фотографија и видео како се вози на својот мотор „Харли“ во друштво на Хакан Чаланоглу.

Се вчитува...