Златан знае кој ќе слави во финалето: Противникот нема да може да се снајде…

Сите погледи на спортската јавност денеска се насочено кон големото финале на СП 2026 во кое силите ќе ги одмерат Аргентина и Шпанија.

Златан Ибрахимовиќ како стручен аналитичар го следи овој мундијал, а легендарниот голгетер нема дилема – Шпанија ќе биде селекцијат ашто ќе се радува на крајот на финалето.

„Шпанија ќе биде сигурен сум во тоа. Шпанците со стилот на игра можат да ја запрат оваа Аргентина. Што ќе се случува? Шпанија ќе го игра својот фудбал, ќе доминира со посед, а Аргентина не е селекција што може да игра на контранапади, едноставно не може да игра на таков начин. Очекувам целосна контрола на Шпанија, од првата до последната минута“, изјави Ибрахимовиќ.

Интересно, Франција беше репрезентацијата од која Златан беше најимпресиониран од стартот на овој мундијал, но откако неговите миленици беа надиграни од Шпанија, сега Швеѓанецот типува на „црвената фурија“.

Се вчитува...