Златко Мојсоски, нов селектор на репрезентацијата на ракомет во плажа

Ракометот на плажа повторно е актуелна тема и во македонската спортска јавност, по прифатената покана нашата репрезентација да учествува на претстојниот европски шампионат што во месец мај ќе се одржи во Португалија.

Најавите на ИХФ и ЕХФ за иницијативите ракометот на плажа наскоро да стане и олимписки спорт придонесоа за нов ангажман на РФМ, поради што за Национален координатор за ракомет на плажа е именуван Марјан Начевски, а за негов заменик ракометниот судија Сашо Кркачев.

Во пресрет на претстојното еврпоско првенство, за селектор на репрезентацијата во овој спорт е именуван долгогодишниот сениорски репрезентативец Златко Мојсоски, а негова помошничка, поранешната ракометарка на Вардар, Германката Ања Алтхаус.

Се вчитува...