„Златното момче“ Халанд сам ја победи Херта Берлин (ВИДЕО)

Ерлинг Халанд го одигра можеби и најдобриот меч во дресот на Борусија Дортмунд, откако утрово ја доби престижната награда за најдобар млад фудбалер за 2020 „Златно момче“. Халанд со четири гола им донесе победа на „милионерите“ од 2-5 на гостувањето кај Херта Берлин.

Домаќините по првиот дел имаа предност од 1-0 со голот на Куња во 33. минута. Сепак, во вториот дел стапи на сцена младиот Норвежанец и со голови во 47., 50. и 62. минута донесе целосен пресврт и водство од 1-3 за тимот од „Сигнал Идуна“ парк. Во 70. минута Гереро зголеми на 1-4. Куна во 79. минута намали на 2-4, а по изведување од центар Халанд со својот четврти гол ги постави конечните 2-5.

 

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...