Знаете ли колку долго е Кристијано Роналдо без гол од слободен удар?

Јувентус се наоѓа во криза откако покрај слабите резултати во Серија А, тимот од Торино загуби на гостувањето кај Олимпик Лион (1-0) во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите.

Иако Кристијано Роналдо е единствена светла точка во тимот еден сегмент од неговата игра е катастрофален, а тоа се слободните удари. Роналдо против Лион стигна до 25 неуспешен слободен удар во низа во Лигата на шампионите, а кога ќе се соберат сите натпреварувања Роналдо нема погодено 38 слободни удари во дресот на „старата дама“.

Од нив, Кристијано 24 пати го погодил живиот ѕид, 11 удари беа одбранети од голманите, двапати го промашил целиот гол, а еднаш ја погодил гредата.

Последниот гол од слободен удар Роналдо го постигна во дресот на португалската репрезентација, во полуфиналето од Лигата на Нации против Швајцарија (3-1), меч одигран на 5 јуни 2019 година.

Се вчитува...