Зомер донесе 700 килограми чоколадо за Де Лихт, Баерн го врати од „рампа“

Јан Зомер не ја криеше благодарноста кон Матијс де Лихт откако холандскиот ас спречи сигурен гол на ПСЖ по големата грешка на швајцарскиот голман на реваншот од осминафиналето од Лигата на Шампионите.

Искусниот чувар на мрежата му вети 700 килограми чоколада од швајцарскиот производител „Кеги“ на својот соиграч и остана на дадениот збор, па чуварите на тренинг-комплексот на Баерн останаа шокирани кога денеска пристигна камиот со пратка нарачана од Зомер.

Возачот остана шокиран откако чуварите не дозволиле влез на камионот во тренинг-базата, а по кратката консултација на Де Лихт, Зомер и челниците на Баерн била донесена заедничка одлука – чоколадите да бидат испратени на адреса на минхенската банка за храна, која обебедува намирници за најсиромашните лица во германската метропола.

„Од една страна, 700 килограми чоколадо сигурно не би донеле ништо добро за фудбалскиот развој за Матијс де Лихт, кој и самиот призна дека не сака премногу чоколади. Од друга страна, луѓето од Баерн го пренасочија камионот кон банката за храна во Минхен и донираа огромно количество“, пишува весникот Билд.

Потврда за пристигнатата пратка дојде и од портпаролот на Банката за храна во Минхен, Штефан Хорак.

„Не знаевме за што точно станува збор, само ни јавија дека ни стигнува голема пратка од Баерн Минхен. Целото количество ќе биде распределено преку нашата редовна дистрибуција“, објави Хорак.

Се вчитува...