Зоран Кастратовиќ повеќе не е тренер на РК Металург

Изненадувачка вест доаѓа од Автокоманда. Ракометниот клуб Металург одлучил да ја прекине соработката со тренерот Зоран Кастратовиќ, пренесува g-sport.mk. Кастратовиќ во Металург пристигна минатата сезона, а годинава успеа да ја оствари зацртаната цел, пласман во Лигата на Европа.

Металург и Кастратовиќ спогодбено го раскинале договорот, а утрово од клубот им било соопштено и на ракометарите за заминувањето на досегашниот тренер.

Во наредните денови се очекува од тимот од Автокоманда да го објават името на наследникот на Зоран Кастратовиќ.

Се вчитува...