Зоран Мамиќ побегна кај брат му во БиХ?!

Екс-тренерот на Динамо Загреб, Зоран Мамиќ, ја напуштил територијата на Хрватска заминувајќи во БиХ во посета на својот брат Здравко Мамиќ. Хрватскиот стручњак минатата седмица беше осуден на четири години и осум месеци затвор поради незаконско извлекување на пари од Динамо, по што Мамиќ си поднесе оставка од тренерската функција и изјави дека е подготвен да замине во затвор и што поскоро да почне да ја издржува изречената казна.

Само неколку дена подоцна, тој ја минал границата меѓу Хрватска и БиХ во близина на Славонски Брод, по што се упатил кон својот брат Здравко, кој веќе неколку години е бегалец од хрватските власти.

Не станува збор за бегство бидејќи и покрај правосилната судска одлука, Мамиќ се уште немал добиено решение за заминување во затвор, поради што можел и да ја напушти територијата на Хрватска. Неговите адвокати тврдат дека Зоран ќе се врати штом биде изготвено такво решение, но јавноста е убедена дека и вториот член од семејството Мамиќ ќе остане недостапен за властите и покрај докажаниот криминал и судската пресуда.

Се вчитува...