Зоран Цветановски нов претседател на Металург

Спортскиот новинар Зоран Цветановски е избран за нов претседател на Металург на местото на разрешениот Левче Китевски.

Цветановски е поранешен ракометар на Металург и долгогодишен член во управата на клубот од Автокоманда. Во изминатиов период тој ја извршуваше функцијата генерален секретар на клубот и главно беше задолжен за комуникација со ЕХФ.

Долгогодишното искуство, ангажманот и отвореноста во комуникацијата со јавноста и со медиумите, беа доволна препорака Цветановски да ја добие довербата и раководната функција во Металург.

Според информациите од клубот, денеска е донесена конечната одлука, а од понеделник Цветановски и официјално ја преземеа претседателската функција во Металург.

Се вчитува...