Зошто Барселона се плаши од освојување на титулата на зелена маса?

Шпанија е во моментов една од најзагрозените земји од пандемијата на коронавирусот. Поради ова шансите за продолжување на Ла лига се, се помали, а доколку сезоната биде прекината, за нов шампион ќе биде прогласена Барселона.

Вчера, Белгијците први одлучија да стават крај на тековниот шампионат и да го прогласат Бриж за нов шампион.

Сепак, од каталонскиот гигант не сакаат титулата да ја освојат на зелена маса. Доколку до крајот не се одигра ниту еден натпревар, а Барселона го освои трофејот во Ла лига, Каталонците ќе изгубат околу 166 милиони евра од ТВ правата. Покрај, ТВ правата клубот од „Камп ноу“ ќе изгуби и дополнителни 20 милиони евра од продажбата на влезници. Исто така поради освојување на титулата фудбалерите ќе добијат бонус, кој се очекува да изнесува уште 20 милиони евра. Што значи дека новиот шампион на Шпанија, доколку шампионатот биде прекинат ќе изгуби сигурни 206 милиони евра.

Се вчитува...