Зошто Милан се радува на трансферот на Ковачиќ во Челси…

Милан планира да го искористи доаѓањето на Матео Ковачиќ во Челси за да направи добар „шопинг“ во лондонскиот клуб, доведувајќи го во своите редови Тиемуе Бакајоко. Овој фудбалер лани пристигна како големо засилување од Монако, но прерасна во едно од најголемите трансфер-разочувањата во Премиер-лигата.

Во ситуација кога Сари го купи Жоргињо на неговата позиција, Челси веќе го има Канте, а во меѓувреме пристигнува и Ковачиќ, јасно е дека Бакајоко нема иднина на „Стемфорд бриџ“, па неговиот агент веќе ги стартуваше разговорите со челниците на Милан.

Весникот „Кориере дело спорт“ објави дека денеска се водени преговори меѓу агентот на Бакајоко од едната и Леонардо и Паоло Малдини од другата страна, разговори кои се оценети како максимално позитивни. Кај самиот фудбалер постои желба за преселба во Милано, но на потег се „росонерите“, кои ќе треба да најдат заеднички јазик со Челси. Милан поради финансискиот ферплеј нема да може целосно да го откупи Бакајоко летово, па се најавува понуда од осум милиони евра за позајмица, со клаузула за задолжителен откуп на крајот од сезонава за дополнителни 30 милиони евра.

Се вчитува...