Зошто одложувањето на ЕВРО 2020 е голем удар за Барселона?

Европската фудбалска јавност со одобрување ја прифати денешната одлука на УЕФА за едногодишно одлагање на ЕВРО 2020. Со тоа е оставен простор за сезоната во лигите ширум Европа да се доврши до крајот на јуни, но во целата ситуација голем „губитник“ може да излезе Барселона.

Каталонците се свесни дека мора да ангажираат сериозен стратег откако Сетиен се покажа како промашување, а приоритет беше да се ангажира Роналд Куман. Холанѓанецот не крие дека е заинтересиран за ваква опција, впролем во договорот како селектор на „лалињата“ има клаузула што му овозможува да се врати на „Камп Ноу“, но од друга страна Куман има јасен став – нема да си замине од клупата на Холандија пред одржувањето на европскиот шампионат.

„Точно е, клаузулата во мојот договор се однесуваше за преселба веднаш по европскиот шампионат. Со новиот развој на настаните, тоа значи по ЕП 2021. Мојата лојалност кон холандската репрезентација не треба да се доведува во прашање, останува селектор до шампионатот на Европа“, порача Куман.

Каталонците очигледно ќе мора да ги разгледуваат останатите кандидати за оваа одговорна функција, а како опции се споменуваат Алегри, Чави и Емери.

Се вчитува...